Мега дуел на Дончиќ и Јокиќ, Леброн се врати во Кливленд (ВИДЕО)

Денвер Нагетс славеше над Далас Маверикс со 117-113 во мега дуелот меѓу Никола Јокиќ и Лука Дончиќ. Србинот со нов дабл-дабл учинок од 20 поени и 10 скока, на кои додаде и четири асистенции го предводеше до нов триумф својот тим. Од друга страна за Мавс беше недоволен новиот трипл-дабл сезонава на Дончиќ од 35 поени, 16 асистенции и 11 скока.

Леброн Џејмс со неверојатна партија го реши својот Кливленд. Кралот во враќаањето во Охајо одигра неверојатна партија во која постигна 46 поени, надополнети со осум скока и шест асистенции. Солиден кај Лејкерс беше и Ентони Дејвис со 17 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Детриот – Филаделфија 119-104, Индијана – Торонто 129-114, Шарлот – Орландо 117-108, Бруклин – Мајами 98-85, Голден Стејт – Минесота 130-108 и Портланд – Оклахома 122-125.

Се вчитува...