Барселона доживеа болна елиминација во четвртфиналето на Лигата шампионите, откако загуби со 3-0 на реванш натпреварот против Рома, не успевајќи да сочува убедлива предност (1-4) од првиот меч. Ова комплетно ги смени позициите и на тренерот Ернесто Валверде, кој досега добиваше само пофалби за својата работа на „Камп Ноу“. Но, титулата што ќе биде освоена во Ла Лига, како и можноста за трофеј во Купот на Шпанија, сепак, нема да ги задоволат максимално апетитите на раководството на клубот и на навивачите.
Валверде многу веројатно дека ќе си замине, а во Барселона тајно се кова нов мега-план. Каталонскиот гигант сака на кормилото да го врати Пеп Гвардиола, човекот кој освои се што можеше да се освои во периодот од 2008 до 2012 година на „Камп Ноу“. Потоа замина во Баерн Минхен каде исто така освои шампионски пехари, а оваа сезона е на прагот да донесе шампионски трофеј и во Манчестер сити.
Раководството на англискиот премиерлигаш му подготвува нов договор до 2020 година, со кој Пеп Гвардиола би станал најплатениот тренер во светот, со годишна плата од 20 милиони фунти, но предизвикот повторно да се предводи Барселона можеби на крајот ќе биде и поголем за шпанскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА