Раководството на Реал Мадрид ќе се обиде да го доведе Маркус Рашфорд во своите редови, а за возврат ќе го пушти Марко Асенсио во екипата на Манчестер јунајтед, шпекулира шпанскиот медиум „Диарио гол“. Наводно, последниот разговор помеѓу Перез и Мурињо завршил со реченицата: „Ако ми го дадеш Асенсио, ќе ти го продадам Рашфорд“.
Претседателот на „кралевите“ Флорентино Перез, смета дека репрезентативецот на Англија е идеалниот фудбалер кој би можел да го наследи Кристијано Роналдо кога ќе одлучи да стави крај на кариерата, а Рашфорд би имал и слично патешествие како Португалецот, од Јунајтед во Реал. Напаѓачот досега има постигнато седум гола за Манчестер јунајтед на 15 натпревари, додека пет пати се нашол во улога на асистент.
Сепак, предводникот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо, нема така лесно да ја пушти младата англиска ѕвезда да си замине од клубот, за возврат го бара шпанскиот репрезентативец, Марко Асенсио. Асенсио се наметна во првиот тим на Зидан, импресионира со секоја дадена доверба од францускиот тренер, дури и му пркоси на Бејл за место во првиот состав. Дека неговите квалитети вредат, покажува клаузулата од новиот, шестгодишен договор кој го потпиша минатиот месец, Асенсио според клаузулата „вреди“ 700 милиони евра.
Напаѓачот на Јунајтед досега има постигнато седум гола на 15 натпревари, додека пет пати се нашол во улога на асистент. На другата страна, 21-годишното крило на Реал од почетокот на сезоната пет пати се запишал во листата на стрелци на 15 средби, додека асистирал на два погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА