Мега-трансфер во најава: Реал Мадрид подготви 100 милиони евра за Сон!

Сон Хеунг Мин и оваа сезона е еден од најважните фудбалери на Тотенхем, но корејскиот ас најверојатно ја игра последната сезона во таборот на „спарси“. Извори блиски до крилниот офанзивец тврдат дека тој сака нов предизвик во кариерата и веќе ја контактирал управата на клубот, со желба да не биде блокирано неговото заминување на крајот од сезонава.

Сон е член на Тотенхем уште од 2015 година, кога пристигна од редовите на Баер Леверкузен. Тој следниот јули ќе наполни 31 година и би сакал да се пресели во друг тим со уште посериозни амбиции од оние на „спарси“, се со цел да се бори за трофеи пред крајот на својата кариера.

Целата ситуација будно ја следи Флорентино Перез, кој планира да тргне во офанзива и веќе во текот на сезонава да го осигура потписот на корејскиот репрезентативец. Тотенхем сигурно нема да сака да го продаде Сон на директен ривал од Премиер-лигата, а Реал ќе го искористи тоа. Подготвена е понуда од вкупно 100 милиони евра, а не се исклучува ниту можноста во Тотенхем како дел од овој трансфер да заврши Еден Азар.

Се вчитува...