Мега трансфер во најава во Англија: Палмер се сели на „Енфилд“

Од своето доаѓање во Челси, Кол Палмер едноставно „експлодираше“ во дресот на лондонските „сини“. Челси го плати околу 50 милиони евра на Манчестер Сити, кој се чини зажали што „прелесно“ го пушти да си замине овој англиски фудбалер.

Сега се подготвува негов сензационален трансфер во друг англиски клуб. Според најавите од Англија, Палмер на крајот би можел да заврши на „Енфилд“ во таборот на идниот англиски шампион.

Откако Ливерпул потпиша нови договори со Салах и со Ван Дајк, сега сака да го засили тимот, со цел да го нападне и трофејот во Лигата на шампионите идната сезона, како и да ја одбрани титулата во Премиерлигата.

Палмер сезонава постигна 25 голови во сите натпреварувања, и тоа добро би дошол во таборот на „црвените“ како засилување во офанзивниот дел на екипата која е на бод од титула.

Се вчитува...