Мега засилување пред портите на Бешикташ

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Челси, Диего Коста е блиску до трансфер со турскиот великан Бешикташ, пренесуваат турските медиуми.

Триесетидве годишниот Бразилец во декември 2020 година го раскина договорот со Атлетико Мадрид откако стана трета опција во нападот зад Луис Суарез и Муса Дембеле, а и покрај тоа што беше поврзуван со премин во редовите на Бенфика, Марсеј и неколку бразилски клубови остана без ангажман.

Бешикташ на искусниот стратег му нуди двогодишен договор со годишни примања од три милиони евра со што тоа би значело и сериозно намалување на примањата на Коста кој во Атлетико Мадрид заработуваше 270 илјади евра по седмица.

Се вчитува...