Мега засилување во Куманово – Бранислав Џекиќ повторно ќе го носи „сино-белиот“ дрес

Тимот на Куманово во продолжението од сезоната ќе биде засилен со искусниот Бранислав Џекиќ кој по трет пат во својата кариера ќе го облече „сино-белиот“, откако претходно ги бранеше боите на овој клуб во сезоните 2014/15 и 2018/19.

Српскиот интернационалец во Македонија доаѓа од тимот на Спарс од Сараево каде оваа полусезона во шампионатот на БиХ бележеше просек од 6.6 поени, 3.3 скока и 1.1 асистенции на осум одиграни средби, додека во АБА2 лигата на три одигарни средби бележеше 5.0 поени и 3.3 скока.

„Ни пристигнува засилување кое ќе биде од огромна помош до крајот на сезоната за борбата на два фронта. Со него добиваме потребно искуство, а сите знаеме за каков играч станува збор“ – изјави тренерот Мирковски.

Дебито на 29-годишниот крилен играч нема да може да му помогне на својот нов клуб на престојните гостувања во БИБЛ лигата, а истото се очекува на дуелот против Вардар во домашното првенство престојниот викенд.

Се вчитува...