Меган Рапино – Спортска личност за 2019 според „Sports Illustrated“

„Ја игра големата игра. На светската сцена. Нападната од светски лидер. Таа доминира. И го прави тоа без страв. Таа стана гласот за обесправените и потиснатите, за жените во спортот, за оние кои трпат расна дискриминација, за ЛГБТ популацијата“.

Меган Рапино поради сето ова е Спортска личност на 2019 година во изборот на престижниот „Sports Illustrated“. Ова е објаснувањето на магазинот во презентацијата на наградата.

Рапино го предводеше тимот на САД до одбраната на светската титула на фудбалскиот шампионат минатото лето. Таа ја доби и „Златната топка“ на Франс Фудбал. Но, не само поради нејзините заслуги на теренот. И поради гласноста во битката за правда и еднаквост. Поради гордоста да се биде поинаков во светот на стереотипите. И поради храбоста да се кажат работите какви што се. Да се потенцира она што речиси сите го мислат, но никој не го кажува гласно. Таа е лидерка во битката за еднаквост на жените во фудбалот и во спортот воопшто. Таа е борец против расизмот и хомофобијата.  Меган Рапино го добива признанието и поради сето ова.

 

 

 

Се вчитува...