Конор Мекгрегор се враќа во „кафезот“ и ќе ги вкрсти ракавиците со шампионот во лесна категорија, Хабиб Нумагомедов. Долгоочекуваниот мегаспектакл ќе се одржи на 6. октомври во Лас Вегас, официјално потврди УФЦ.
Борбата меѓу Ирецот и Русинот ќе биде главниот настан во рамките на турнирот УФЦ 229, а продажбата на влезниците почнува од 17 август.
Поминаа речиси две години откако најпопуларниот ММА борец на денешницата, Конор Мегрегор последен пат имаше борба во УФЦ. Тогаш го нокаутира Еди Алварез. Борбата беше готова уште пред тие да влезат во октогонот. Мекгрегор во свој стил тогаш психички го скрши Американецот уште пред мечот.
Хабиб Нурмагомедов ја освои титулата во УФЦ во лесна категорија на 7 април на турнирот УФЦ 223 во Бруклин, откако со едногласна одлука го победи Ал Јакинта кој влезе во борбата како замена за повредениот Тони Фергусон. Два дена пред борбата, титулата му беше службено одеземена на Мекгрегор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА