Раководството на ЖФК Љуботен ги потврдува големите амбиции за новата сезона откако упеа да доведе врвно засилување во своите редови. Станува збор за колумбијска репрезентативка Ингрид Видал, кој доаѓа од редовите на Америка ди Кали.
Оваа фудбалерка има богато меѓународно искуство, особено од настапите за колуимбиската репрезентација за која има играно натпревари на светските првенства, Пан-Американските игри, како и на Олимписките Игри. Таа во репрезентативната кариера има одиграно 54 средби за Колумбија, притоа постигнувајќи 11 погодоци, а се очекува да ја има лидерската улога во тимот на Љуботен, во обид да се оствари што подобар резултат и во европските купови летово.
„Welcome, Добродојде, Bienvenido Ingrid Julieth Vidal Isaza💙💙💙
Најновото засилување на шампионот е Колумбиската репрезентативка Ingrid Vidal, која ни доаѓа на позајмица од America De Cali една од трите најдобри екипи во Колумбија! Ingrid во своето портфолио има репрезентативни настапи на Светско првенство, Олимписки игри, Пан американски игри, како и клубските во Conmebol Libertadores Femina. Најдобар стрелец во колумбиското првенство, 54 репрезентативни настапи за Колумбија 11 голови, се само дел од биографијата на Ingrid!
Со Ingrid нападот станува супер силен и вистинска опасност за сите не само во домашното првенство туку и во престојните настапи во лигата на шампионите! Ingrid Vidal неспорно ќе биде најзвучното и најквалитетното име кое до сега има настапувано во Македонија, како според квалитетот така и според нејзината биографија!
Сите ние се надеваме дека овие квалитети ќе ги прикаже на настапите за ЖФК Љуботен!“, објави македонскиот првак.
ЖФК Љуботен пред петнаеетина дена ја ангажираше и Колумбијката Паула Валбуена Новоа, а од ЖФК Шкендија пристигна и повремената македонска репрезентативка Александра Јовановска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА