Мегатрансферот комплетиран: Луис Дијаз потпиша за Баерн

Баерн Минхен го комплетираше најголемиот трансфер ова лето откако денеска потпиша четиригодишен договор со Луис Дијаз. Колумбискиот ас пристигнува на „Алијанц Арена“ по одличните сезони што ги имаше како член на Ливерпул, давајќи значаен придонес во освоената премиерлигашка титула минатата сезона.

Самиот Дијаз инсистираше на менување на клупските бои давајќи му приоритет на Баерн, по што баварскиот гигант на крајот успеа да се договори со Ливерпул, па Дијаз за сума од 75 милиои евра се пресели во Минхен. Тој ја прекина турнејата низ Азија со Ливерпул, вчера допатува во Германија, а по успешните лекарски прегледи денеска го стави својот потпис на договорот со овој европски гигант.

„Многу сум среќен, одлично е чувството да се биде дел од Баерн, еден од најголемите клубови во светот. Сакам да му помогнам на новиот клуб со играњето на мојот стил на игра и со мојот побендички карактер. Желба ми е да ги освојам сите можни трофеи и ќе работам напорно за тоа да се случи“, изјави Луис Дијаз.

Се вчитува...