Голманот на германската репрезентација Андреас Волф, се врати во Кил после пет сезони минати во Киелце. Чуварот на мрежата го ангажираше 33-годишниот голман, кој го носеше дресот на овој тим од 2016 до 2019 година, пред да се пресели во Полска.
Волф стави потпис на договорот во идните четири години, односно ќе го носи дресот на „зебрите“ најмалку до 2028 година.
„Навистина сум среќен поради моето враќање во Кил. Го познавам градот, клубот, голем дел од тимот и специјалните навивачи. Тоа ќе ми го олесни новиот почеток”, вели Андреас Волф.
„Сите кои работеа неверојатно напорно за да ми биде возможно ова враќање, направија да се чувствувам дека ја правам вистинската работа“, рече Волф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА