Последниот ден од преодниот рок во НБА лигата ни донесе и еден мегатрејд во кој учествуваа Голден Стејт Вориорс и Минесота Тимбервулвс.
Минесота се откажа од услугите на првиот пик на драфтот од 2014 година, Ендрју Вигинс, како и пик од прва рунда од драфтот во 2021 година и пик од втора рунда во 2022 година. Во Минеаполис ќе преминат Ди Анџело Расел, Омер Каспи и Џејкоб Еванс.
Трејдот беше очекуван бидејќи првата ѕвезда на Тимбервулвс, Карл Ентони Таунс е одличен пријател со Ди Анџело Расел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

