Поранешниот шампион во УФЦ, Конор Мек Грегор преку социјалните мрежи се пофали дека е побогат за еден милион евра по добивање на облог дека Шпанија дека ќе го освои Европското првенство.
Шпанците славеа со 2-1 над Англија во големото финале одиграно во Берлин, а Ирецот се обложил во победа на „црвената фурија“.
„Напред Шпанија! Лесно заработени пари на Шпанците да го освојат Евро на мојот роденден! Убаво милионче за Мек“, стои во објавата на поранешната УФЦ ѕвезда.
€1million won on my birthday! 🙏 pic.twitter.com/GNb4LPDZfm
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) July 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА