МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ ВО 2025: Бројот 100 е потврда на една ера што одбива да заврши

Во година исполнета со бројни возбудувања, ЕКИПА.МК ви ги издвојува настаните од меѓународниот спорт кои вечно ќе се паметат.

За разлика од последната деценија, 2025 година не беше година на Новак Ѓоковиќ, легендарниот српски тенисер претпознатлив по рекорднот број на освоени трофеи на најголемите натпреварувања.

Јасно е дека како наближува до петтата деценија од својот живот и во годините кои следат ќе му биде уште потешко да ги надигра далеку помладите ривали, но и покрај тоа што не освои ниту еден грен-слем, сепак ја одбележа годината со бројот 100 кој одекна силно како „златен грен-слем“.

Бројот 100 е потврда на една ера што одбива да заврши. Во време кога тенисот се обидува да го дефинира своето „утре“, Ѓоковиќ повторно не потсети на моќта на „сегашноста“.

Тоа што ја прави оваа титула посебна не е само нејзиниот реден број, туку контекстот во кој доаѓа. Во фаза од кариерата кога легендите обично зборуваат за збогување, Ѓоковиќ „зборува со рекетот“. Секој негов удар во 2025 носеше порака дека величината не се мери со години, туку со гладот за натпреварување.

Се вчитува...