Во година исполнета со бројни возбудувања, ЕКИПА.МК ви ги издвојува настаните од меѓународниот спорт кои вечно ќе се паметат.
Спортската 2025 година уште еднаш покажа дека модерниот спорт не страда од недостаток на талент, туку од вишок на оправдувања. Допинг-скандалот поврзан со Јаник Синер не ја шокираше јавноста затоа што се случи, туку затоа што се случи токму со човек што беше внимателно граден како симбол на новата тениска генерација.
Во момент кога Синер требаше да биде лицето на иднината – млад, дисциплиниран и спортски беспрекорен – сомнежот стана погласен од аплаузите, а во модерниот спорт, понекогаш е доволно и прашањето само да се постави за довербата да почне да се руши.
Без разлика на конечниот исход од „комичниот“ процес овој скандал кој ја одбележа 2025 година ќе фрли сенка, не само на неверојатната кариера на сега младиот тенисер, туку врз кредибилитетот на целиот систем што треба да ги штити и спортот и спортистите, правејќи го допинг скандалот на Јаник Синер една од најконтроверзните спортски теми на 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

