МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ ВО 2025: Трејдот на Дончиќ – „земјотрес од највисока магнитуда“

Во година исполнета со бројни возбудувања, ЕКИПА.МК ви ги издвојува настаните од меѓународниот спорт кои вечно ќе се паметат.

Има спортски вести што доминираат еден ден, една недела, па тивко исчезнуваат, а има и такви што ја менуваат рамнотежата на целиот спорт…

2025 години ни донесе една од овие вторите. Без дилема таков е тредјот на Лука Дончиќ, словенечката кошаркарска ѕвезда од Далас во Лос Анџелес Лејкерс, потег кој предизвика „земјотрес од највисока магнитуда“ во светот на кошарката.

Дончиќ не беше само обичен кошаркар во Далас, тој беше идентитет на еден цел град, симбол на проект што требаше да трае со децении. Затоа во спортот каде што се почесто се говори за лојалност, овој потег не беше означен како обичен „бизнис-потег“, туку како капитулација на една визија, докажувајќи дека во НБА, ништо не е недопирливо па ниту еден талент од генерациски калибар.

Менаџментот на Далас на големо незадоволство на сите фанови на Маверикс лесно се откажа од кошаркар кој лесно може да го добие епитетот на најдобар на сите времиња на крајот на кариерата, а пак ЛА Лејкерс навидум лесно добија нова „маркетиншка“ сила, претпознатлива за „Холивуд“.

Трејдот на Лука Дончиќ во 2025 година е уште еден доказ дека НБА лигата од година во година се повеќе станува „извор на пари“ и го губи кошаркарскиот сјај.

Се вчитува...