Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) ќе и додели на Италијанката Анџела Карини парична награда од 50.000 долари.
И натаму се уште се зборува во спортската јавност за мечот меѓу Карини и Алжирката Иман Хелиф за која беше утрвдено присуство на ХY хромозоми. Па, Италијанката не сакаше да се бори со Алжирката, која имаше забрана за натпреварување на минатогодишното светско првенство.
Откако Карини го предаде мечот по само 46 секунди, боксерската асоцијација да и даде награда од 50.000 долари на Карини, а покрај тоа и Италијанскиот боксерски сојуз ќе добие 25.000 долари како и нејзиниот тренер.
„Не разбирам зошто го убија женскиот бокс. Само спортисти кои ги исполнуваат условите би требало да влезат во ринг поради безбедност. Не можев да ги гледам нејзините солзи“ – истакна претседателот на ИБА, Умар Кремлев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА