Меѓународната скијачка федерација (ФИС) донесе нова одлука со која на сила ќе се задржи суспензијата за руските и белоруските спортисти за сите свои натпреварувања.
Во март годинава, светската скијачка централа, по руската инвазија врз Украина воведе суспензија за сезоната 2021/22, која сега е продолжена и на новата сезона.
„Во интерес на зачувување на интегритетот на натпреварувањата на ФИС и безбедноста на сите учесници, а во согласност со препораките на МОК, Извршниот одбор одлучи да ја задржи забраната за настап на руските и белоруските спортисти на сите натпреварувања“, соопшти ФИС по состанокот во Зелден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА