Меѓународниот олимписки одбор ја суспендираше Светската боксерска федерација

Меѓународниот олимписки одбор (МОО) ја потврди суспензијата на Меѓународната боксерска федерација (АИБА) која нема да може да го организира боксерскиот турнир на Летните олимписки игри во Токио 2020.

На 134. седница во Лозана членовите на МОО едногласно ја прифатија препораката на извршната комисија донесена на 22. мај која предложи суспензија на АИБА во организацијата на боксерскиот турнир на ЛОИ во Токио следната година. Со одлуката АИБА стана првата меѓународна федерација на која не и е дозволено учество во организацијата на сопствениот спорт на ОИ.

 

Се вчитува...