ЕКИПА во Рим,
Никола Станикевски
Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20.45 часот на „Олимпико“ ќе и гостува на Италија во натпревар од 7. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое следното лето ќе се игра во Германија.
Ова ќе биде вкупно петти дуел меѓусебен дуел меѓу двете репрезентации. Македонија е една од ретките селекции против која Италија не може да се пофали со позитивен скор. Двете репрезентации си поделија по една победа, а два меча завршија без победник.
Нашата единствена победа е тој легендарен меч на „Енцо Барбера“ кога Александар Трајковски ја замолкна цела Италија и со тоа ги згасна шансите за пласман на четирикратниот светски шампион на Мундијалот во Катар.
Единствената победа за Италијанците е од квалификациите за Мундијалот 2018 година, кога на домашен терен не совладаа со 2-3, иако нашата репрезентација имаше предност од 2-1 се до 75. минута. Во истите квалификации во Торино ремизиравме 1-1, а „аѕурите“ откако завршија втори во групата (зад Шпанија) не се квалификуваа на шампионатот откако во баражот беа елиминирани од Шведска.
Последниот меч се одигра во овиве квалификации во септември годинава кога во Скопје исто така ремизиравме 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА