Мегваер: Денеска ми беше соопштено дека веќе не сум капитен на Јунајтед

Хари Мегваер им се обрати на навивачите на Манчестер јунајтед по разговорот со Ерик Тен Хаг.

Англискиот репрезентативец изјави дека денеска имал разговор со менаџерот на Манчестер Јунајтед во кој му било соопштено дека веќе не е капитен на тимот.

„По денешниот разговор со менаџерот, тој ме извести дека го менува капитенот. Тој ми ги даде своите причини и иако јас лично сум многу разочаран, ќе продолжам да го давам максимумот секогаш кога ќе го облечам дресот на клубот.

Затоа, сакав да им се заблагодарам на навивачите на Манчестер јунајтед за нивната брилијантна поддршка додека ја носев капитенската лента.

Од денот кога ја презедов улогата пред три и пол години, беше огромна привилегија да го водам Манчестер јунајтед и еден од најгордите моменти во мојата кариера досега. Тоа е една од најголемите почести во клупскиот фудбал. Направив се што можев за да му помогнам на Јунајтед да биде успешен – на и надвор од теренот.

Секогаш ќе му бидам благодарен на Оле Гунар Солскјаер што беше првиот што ми ја даде одговорноста и им посакувам успех на сите кои сега ја преземаат и да ми кажат дека ќе ја имаат мојата целосна поддршка“, напиша Мегваер. 

Се вчитува...