Мегваер добива нов договор од Манчестер Јунајтед

Стоперот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, би можел да остане во клубот уште долго, откако е планирано „Црвените ѓаволи“ да му понудат нов договор.

Договорот на искусниот дефанзивец истекува на крајот на сезоната, но според „Дејли Мејл“ се очекува Манчестер да му понуди нова соработка.

Мегваер во моментов заработува 180.000 фунти неделно, меѓутоа ќе му бидат понудени нови услови за да го продолжи договорот. Тој е дел од Јунајтед од сезоната 2018/2019. Во изминатите години наиде на многу критики, но имаше и неколку добри партии што е доволен услов да му биде понудена нова соработка.

Се вчитува...