Мегваер: Доволно сум добар да играм секој меч за Јунајтед и за Англија

Стоперот на англиската репрезентација Хари Мегваер, кажа дека би било неуспех доколку неговата селекција не успее да го освои пехарот од ЕП 2024 година.

Тој смета дека Англија има играчи за да го освои трофејот идната година, а ова го кажа после победата на неговата Англија на гости кај Италија со 1-2.

„Верувам дека имаме добри играчи за титулата. Ако не го освоиме ЕП, тоа би било неуспех. Досега бев на големи три турнири и бевме толку блиску“, рече Мегваер.

Иако одигра само 11 натпревари во Премиер-лигата сезонава, Мегваер вели дека сака да игра на секој меч и за клубот, и за репрезентацијата.

„Сакам да го играм секој натпревар за својот клуб и за својата земја. Чувствувам дека сум доволно добар да играм на големо ниво и тоа го докажав во последните 5-6 години“, изјави дефанзивецот на Англија.

Се вчитува...