Мегваер и официјално е најскапиот дефанзивец во светот

Англискиот премиер-лигаш Манчестер Јунајтед го официјализираше трансферот на Хари Мегваер. Неговиот трансфер од Лестер е во вредност од 80 милиони фунти, што го прави Англичанецот најскап дефанзивец во историјата на фудбалот. Тој го урна рекордот на Холанѓанецот Вирџил ван Дајк кој за сума од 75 милиони фунти од редовите на Саутемптон премина во Ливерпул.

Мегваер со тимот од „Олд трафорд“ потпиша шестгодишен договор со можност за продолжување на една година.

„Јас сум пресреќен што потпишав за голем клуб каков што е Манчестер Јунајтед. Сакам да се заблагодарам на сите во клубот што веруваа во мене“, изјави накратко Мегваер. 

 

Се вчитува...