Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин за дуелот со Тотенхем беше стручен коментатор, а и покрај тоа што ја послави победата на својот тим, не успеа да се воздржи да не упати остри критики кој фудбалерите на „црвените ѓаволи“.
Овој пат во фокусот на Ирецот беа Хари Мегваер и Лук Шо за нивниот настап против Ливерпул. А, како што вели 50-годишникот нив местото не им е на „Олд Трафорд“.
„Мегваер и Шо се срам за Манчестер Јуанјтед. Тие важат за афирмирани фудалери, но за тој статус да го заслужат треба да покажат карактер. Во Манчестер Јунајтед секогаш играле играчи со карактер. Го видов Мекгваер во текот на неделата како се извинува за поразот и беше како робот. Преку глава ми е од извинувања. Уште па вели дека треба да се соединат како тим?! Не, туку треба прво да ја средиш својата игра ако сакаш да бидеш лидер. Научи ги основите на фудбалот. Луѓето говорат дека не е во форма, но кај него фали професионализам“, изјави Кин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА