Хари Мегваер, стоперот на Манчестер Јунајтед кој во последните години трпи голем број критики поради неговите настапи, вели дека воопшто не е загрижен за истите.
Тој се спореди со легендарните Дејвид Бекам и Вејн Руни, велејќи дека и тие го минале истиот пат, па потоа станале исграчи од светска класа.
„Секогаш добро се справував со критиките. Тие не ме засегаат, ниту ме вознемируваат. Цело време сум со силен дух, и сега можам само да давам совети на помладите. Да им кажам дека во овој клуб нема лесен период, колку и да се добар. Сигурен сум дека и легендите во минатото минале низ сево ова, како Бекам, Руни… Вејн е еден од најдобрите играчи на Англија и во овој клуб, а доживеал толку многу навреди. Само треба да го најдете најдобриот начин да се справите со тоа. Како фудбалер знаеш кога играш добро, а кога не. Не мора да бараш објаснувања од други. Понекогаш не е лесно да се контролира се на социјалните медиуми, но предност е што може да комуницирате на позитивен начин и да ги гледате секојдневните работи“, изјави деванзивецот на „Црвените ѓаволи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

