Хари Мегваер тешко ја профати улогата која ја доби во Манчестер Јунајтед откако пристигна на „Олд Трафорд“ како најскапиот стопер во историјата. Англискиот репрезентативец во „ролеркостерот“ во кој ја доби капитенската лента, подоцна беше преселен и на клупата, сепак успеа да се избори за нова шанса и сега одново е стартер за „црвените ѓаволи“.
Мегваер е и стандарден во репрезентацијата на Англија, а во пресрет пријателскиот натпревар против Бразил, стоперот имаше интересна изјава за медиумите.
„Благодарен сум му на селекторот за поддршката и довербата која ја добивам на секој репрезентативен повик, поготово дека секој пат сум во почетната постава. Многумина сметаат дека не треба да играм, но има и милиони луѓе кои сакаат да играм. Затоа фудбалот е прекрасна игра бидејќи секој има различно мислење“, изјави Мегваер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА