Мегваер му испрати јасна порака на Тен Хаг: „Сакам да играм…“

Хари Мегваер ја искористи репрезентативната пауза, на крај од собирот со националниот тим, да испрати порака и до менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг.

Тој на терен мина само 24 минути во првите четири кола од Премиерлигата, и сигурно не е задоволен од минутажата која ја има.

„Не стартував ниту еден од првите четири натпревари сезонава. Сакам да играм фудбал, тоа е сигурно. Манчестер јунајтед беше среќен што останав, а јас бев среќеншто се борам за своето место. Посветен сум на тоа и секогаш на тренинг или на натпревар ќе дадам се од себе“ – рече Мегваер, кој на прашањето за трансферот во Вест Хем со кој беше поврзуван одговори дека до договор со лондонскиот клуб едноставно не дошло.

Колку за потсетување, претходно Тен Хаг зборувајќи на прес-конференција за Мегваер рече:

„Ако не може да се бори за место во тимот, тогаш ќе мора да замине“ – изјави Холанѓанецот, за да сепак ги истакна квалитетите на Мегваер.

„Тој има ниво да биде стопер од светска класа. Тоа е најдобра опција за Англија, па зошто не би била и за нас?“.

Се вчитува...