Мегваер му „подари“ бод на Борнмут (ВИДЕО)

И покрај тоа што два пати водеа, фудбалерите на Манчестер Јунајтед на крајот мораа да се задоволат со еден бод од гостсувањето кај Борнмут. Мечот заврши 2-2, благодарение на пеналот кој го направи Хари Мегваер на девет минути пред крајот, а згора на тоа стоперот заработи и исклучување.

Бруно Фернандеш со гол од белата точка донесе предност во 61. минута. Но, радоста на гостите траеше само шест минути, откако Кристи успеа да израмни во 67. минута.

Автоголот на Хил одново ги израдува гостинските играчи на оваа средба. Во 81. минута беше досуден пенал за Борнмут, и црвен картон за Мегваер, пенал кој во гол го превроти Крупи за конечни 2-2. 

Домашниот тим со играч повеќе се обиде да дојде и до целиот плен, но не успеа да создаде уште некоја посериозна шанса за трет гол од оваа средба.

Се вчитува...