Мегваер се сели во Италија?

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер добил понуди од неколку клубови од Италија за да ја продолжи кариерата во таа земја, пишува „Дејли Мирор“.

Мегваер е незадоволен со улогата која ја има во Манчестер Јунајтед, и не се вклопува во концептот на игра на тренерот Ерик Тен Хаг. Британските медиуми наведуваат дека Милан, Јувентус, Интер и Рома се заинтерасирани за англискиот репрезентативец.

Мегваер за рекордна сума за еден дефанзивец од 80 милиони фунти стигна во Јунајтед од Лестер. Но, чести беа грешките и смешните потези кои го тераат да се најде на излезна врата во тимот од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...