Англискиот фудбалски репрезентативец Хари Мегваер изјави дека може успешно да се справи со критиките поради неговите настапи во Манчестер јунајтед и репрезентацијата, пренесуваат британските медиуми.
Пред неколку дена Англија во пријателски натпревар ја победи Шкотска со 3-1, а Мегваер си постигна автогол.
„Таквите работи го симнуваат притисокот од моите соиграчи, а целиот товар е на мене. Затоа играат подобро. Не можам да се пожалам на шкотските навивачи, но се е до третманот што го добивам во последно време. Знаевме дека навивачите на Шкотска ќе бидат непријателски настроени кон нас, бидејќи видовме како не ја почитуваат националната химна.Не грижете се, можам да се справам со навредите“, рече Мегваер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

