Мегваер: Трофеј во Лигата на Европа нема да ја спаси разочарувачката сезона

Стоперот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер кажа дека ниту трофеј во Лигата на Европа нема да ја спаси сезоната на тимот на „Црвените ѓаволи“. Англиската екипа има одлични шанси да се пласира во финалето, откако го победи Атлетик Билбао на гостински терен со убедливи 0-3, пред реваншот на свој терен на „Олд Трафорд“.

Сепак, екипата разочарува во англиската Премиерлига, каде е во долниот дел на табелата, и има најмногу порази во историјата.

„Финале и трофеј во Лигата на Европа нема да ја спаси сезоната, затоа што според мене ова е разочарувачка. Изгубивме премногу натпревари. Во текот на сезоната бевме хаотични, и ние играчите не ја презедовме одговорноста кога се смени тренерот. Ни требаше премногу време да ги разбереме новите идеји. Беше тешка, разочарувачка сезона. Имаме шанси да освоиме трофеј тоа е факт, но тоа нема да го покрие разочарувањето кај нашите навивачи. Но, тие заслужуваат да завршиме со трофеј, и ќе се обидеме да им го донесеме“, рече Мегваер.

Се вчитува...