Мејерс Ленард по 10 години во НБА стави крај на кариерата

Мејерс Ленард, 11-тиот пик на драфтот во 2012 година официјално се пензионираше од професионална кошарка споделувајќи објава на социјалните мрежи.

Ленард помина 10 години во НБА лигата започнувајќи ја кариерата во Портланд каде остана седум години пред да биде трејдуван во Мајами. Повредите го спречија да го покажа најдоброто со што располага па ја пропушти целата сезона 2021/22, а во 2021 година беше суспендиран поради антисемитизам.

Покрај за Портланд и Мајами, сега 33-годишниот центар играше и за Милвоки.

Се вчитува...