Манчестер јунајтед го продолжи договорот со еден од најдобрите млади англиски фудбалери, Мејсон Гринвуд до 2025 година. 19-годишникот е најмладиот стрелец во историјата на клубот, а веќе за „црвените-ѓаволи“ има запишано 82 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 погодок.
Претходниот договор со Гринвуд истекуваше во 2024 година, но управата на клубот реши да му понуди зголемување на платата по добрите игри на крајот од ланската и почетокот од оваа сезона.
„Сакам да направам уште толку многу работи во фудбалот, и тоа во дресот на Манчестер јунајтед. Јас сум дел од овој клуб од седумгодишна возраст, од тогаш сонувам да станам првотимец и сега кога таа желба ми се исполни воопшто не размислувам за ниту една друга екипа освен Манчестер јунајтед“, истакна Гринвуд.
??? ?? ??? ??? ❤@MasonGreenwood has extended his deal and we couldn’t be happier ?#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) February 16, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

