Англискиот фудбалер Мејсон Гринвуд во новата сезона ќе настапува за Марсеј откако премина во францускиот клуб од Манчестер Јунајтед во трансфер вреден 26 милиони евра. Тој претходната сезона ја помина на позајмица во Гетафе, а претходно паузираше една година по оптужба за силување.
Гринвуд никој не беше осуден бидејќи сведоците се откажаа од исказот, но и покрај тоа скандалот ги спречи англиските клубови да го ангажираат. Мала е веројатнота дека до крајот на сезоната тој ќе се врати во англиското првенство, а како што пренесуваат тамошните медиуми повеќе нема да игра ниту за англиската репрезентација за која дебитираше неколку месеци пред скандалот.
Тоа ќе биде единствениот настап на Гринвуд за Англија бидејќи во иднина ќе го носи дресот на репрезентацијата на Јамајка, земјата од каде потекнува неговата мајка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА