Мејведер демантира дека се согласил на борба со кикбоксерот Насукава

Флојд Мејведер вели дека не се согласил на борба со јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава и дека до оваа седмица никогаш претходно не чул за него. Реакцијата на поранешниот боксерски светски шампион доаѓа откако тој и неговиот тим „биле затекнати“ на прес конференцијата во Токио од најавата за официјална борба закажана за 31 декември.

Мејведер вели дека не се согласил на официјална борба, туку само на егзибициски настан кој не би бил емитуван на телевизија, а на кој би присуствувале „богати гледачи“.

„Јас Флојд Мејведер никогаш не сум потпишал договор за ваква борба. Не сакав да правам инцидент на прес конференцијата. Јас и мојот тим бевме изненадени од објавата. Требаше да го спречам ова веднаш“ – објаснува Мејведер.

Пензионираниот американски боксер е најплатената славна личност во светот. На последната листа на магазинот „Форбс“, Мејведер е на првото место пред актерот Џорџ Клуни.

 

 

Се вчитува...