Флојд Мејведер договори новогодишна борба со Јапонецот Насукава, но при секое негово излегување во јавноста неизбежно е прашањето – дали американскиот боксер ќе влезе во ринг со Хабиб Нурмагомедов. И двајцата до пред еден месец даваа изјави дека сакаат да се случи таква борба, но во последно време страстите се намалија.
„Јас сум најпознатото лице во боречките спортови и тука нема дилеми. Без разлика дали е во прашање бокс или ММА, јас сум главно лице на се. Не сум загрижен за тие момци, Конор Мекгрегор многу зборуваше, но знае што му се случи. Сега Хабиб исто така многу зборува и ако навистина сака да се проба со мене, да влезе во ринг, ќе го решам и него како Конор. Ако се случи тоа, супер, ако не дојде до таква борба, пак е супер бидејќи јас во секој случај ќе живеам прекрасен живот“ – самобендисано изјави Мејведер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА