Американецот Флјод Мејведер и Јапонецот Теншин Насукава во новогодишниот спектакл на 31 декември ќе се боксуваат во меч со посебни правила и без судии. Борбата же биде во три рунди од по три минути, во лесна категорија до 66,7 килограми.
„На луѓето ќе им понудиме нешто што досега немаат видено“ – изјави 41-годишниот Мејведер во најавата на спектаклот што ќе со одржи во Саитама во Јапонија.
Светскиот првак во пет различни тежински категории откри дека во борбата со Насукава ќе нема судии и дека се ќе биде „за забава“.
Борбата мораше да биде приспособена, бидејќи ако беше според правилата што важат во ММА, американскиот ветеран не би имал никакви шанси против 20 годишната јапонска кик-бокс ѕвезда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА