Еден од најголемите боксери на сите времиња, Флојд Мејведер одлучи да ја заврши богатата кариера. 42-годишниот Мејведер последен пат во рингот во кариерата се најде во 2017 година, кога во Лас Вегас по прекин го совлада Конор Мекгрегор. По тој меч имаше големи шпекулации дека би можел да се бори против Пакајо или Алварез, но тоа не се случи.
„Неколку пати ме повикуваа да се вратам во рингот, но моето здравје е моето богатство. Боксот е брутален спорт“, изјави Мејведер.
Мејведер кариерата ја заврши со скор од 50 победи и ниту еден пораз и 12 освоени светски титули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА