Мејведер на прагот да заработи 100 милиони долари: Ова е легален грабеж…

Флојд Мејведер оваа недела се враќа во рингот каде ќе се соочи со јутјуберот Логан Пол во егизибициски меч. Единствениот мотив за боксерот се парите, а тоа воопшто не ги криеже пред медиумите.

Мејведер од оваа борба ќе заработи најмалку 35 милиони долари, а оваа цифра лесно може да се искачи и до 100 милиони со оглед на продажбата на ‘pay-per-view’ права.

„Надимакот „Пари“ го имам со причина. Години наназад напорно работев на тоа да дојдам до одредено ниво. Сега верувам во паметна работа намесо напорна. Кога станува збор за лесна борба против Логан Пол, што е легален грабеж на банка, тогаш едноставно морам да го направам тоа“, изјави Мејведер.

Се вчитува...