Хабиб Нурмагомедов само неколку дена по големата победа над Конор МекГрегор реши да го предизвика Флојд Мејведер, а не требаше да мине многу време за да стигне и одговорот од американскиот боксер. Мејведер, кој има перфектен скор од 50-0 во кариерата, најави дека е подготвен позитивно да одговори на овој предизвик.
„СиБиЕс, Шоутајм и МГМ Гранд, подгответе ги парите“ – порача Флојд Мејведер, подгревајќи ги шпекулациите дека до ваква мега-борба може да дојде и за помалку од шест месеци.
Американецот пред извесно време се бореше со МекГрегор, добивајќи го по десет рунди, а сега е подготвен да влезе во рингот и против Хабиб.
„Ајде Флојд, време е да се тепаме. Ти имаш 50-0, а јас 27-0, двајца што не знаат за пораз, во џунглата има само еден крал, а тој крал сум јас бидејќи ти не можеше да го урнеш Конор на земја, а јас тоа го сторив со леснотија“ – истакна Хабиб Нурмагомедов.
Останува да се види дали ќе се најде заеднички јазик за да се организира оваа борба меѓу „непобедливите“, по која дефинитивно ќе остане само еден голем шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА