Претставата во Токио која според признанието на Флојд Мејведер, ја организирал за да ги „забавува Јапонците“, на боксерскиот шампион му донесе девет милиони долари за 138 секунди. Точно толку време му беше потребно на 41-годишниот Мејведер да го разбие Тенсин Насукава во егзибицискиот меч во Токио.
Мејведер видно подобро подготвен и поопасен од својот противник, три пати го нокаутира Јапонецот пред тој да се предаде. Борбата во Саитама Арената беше отрганизирана во три рунди од по три минути, но Наскува издржа точно 138 секунди.
Разочараниот 20-годишниот Јапонец кој инаку е кикбоксер и исто како и Мејведер, нема пораз во својата професионална кариера остана расплакан во рингот.
Но, целата оваа претстава во Токио на крај заврши со јасни обвинувања дека мечот бил наместен, а солзите на Јапонецот само лоша глума. Единствената дилема е само дали ваквата победа е срам за непоразениот Мејведер или само уште еден доказ за неговата деловна генијалност, со оглед на милионите што ги заработи за две минути тренинг.
Како и да е, американскиот боксер која сам себе си се нарекува „The Money“, одлучи да прослави со лесно заработениот хонорар, и вообичаено за него да се пофали со дел од богатството што го доби во Токио.
Мејведер објави видео во кое ги повикува фановите да му помогнат да одбере автомобил со кој ќе оди на утринско возење.
„Треба да одберам „Мерцедес“ теренец или можеби „Ролс Ројс“, кажете ми?“ – ги прашува Флојд Мејведер своите обожаватели.
Но, прашањето е само повод да го покаже купот јапонски јени на седиштето од возилото.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА