По многу најави и одвјави кончено стигна официјална потврда за големата пресметка на Флојд Мејведер и Теншин Насукава. Мечот првично беше најавен пред неколку седмици на прес конференција во Јапонија. Но еден ден пододцна Мејведер изјави дека нема да се бори затоа што бил изманипулиран.
Ма тоа реагираа организаторите на мечот, РИЗИН 14 и на Мејведер му понудиле многу пари, после што Американецот го смени мислењето и во интервју објави дека прифатил да се бори и мечот ќе се одржи во најавениот термин на 31 декември.
Ненадминатиот Флојд Мејеведер тврди дека борбата со новиот феномен Насукава кој има само 20 години, ќе биде како загревање во три рудни од по три минути.
Иако Мејведер очекува „лесни милиони“ од мечот, сепак, неговиот противник Теншин, веќе се закани дека нема да си игра и ќе го нокаутира големиот шампион.
Двајцата влегуваат во ринг на 31 декември во Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА