Бокс или циркус: Мејведер се враќа во рингот – за противник ќе има „јутјубер“

Флојд Мејведер го договори враќањето во рингот, а ќе се бори против „јутјуберот“ Логан Пол. Мејведер последната борба ја имаше пред три години кога го победи ММА борецот, Конор Мекгрегор.

Нареден противник на боксерот ќе биде 25-годишниот Логан Пол кој зад себе има една професионална борба. Пол и Мејведер се „честеа“ со навреди минатите месеци на социјалните мрежи, а конечно успеаја и да ја договорат борбата.

Егзибицискиот меч е закажан за 20. февруари. Мејведер кариерата ја заврши со скор од 50 победи и ниту еден пораз, додека Пол на платформата „јутјуб“ има неверојатни 22 милиони претплатници.

Се вчитува...