Мекалистер: Сега е време за уживање

Ливерпул ја обезбеди титулата во Премиерлигата со преубедлив триумф над Тотенхем во натпреварот од 34. коло на големо задоволство на фудбалерите кои одиграа неверојатна сезона во која доминираа во елитниот фудбал на „Островот“.

Импресиите не ги криеше ниту Алексис Мекалистер, аргентинскиот фудбалер од средниот ред кој ја освои првата титула во Премиерлигата, а вкупно вториот трофеј во Ливерпул.

„Овој тим е неверојатно добар. Минатата сезона тоа го покажавме, но на крајот не беше доволно. Овој пат направивме големо разчика и сега конечно можеме да уживаме“, вели Мекалистер.

Се вчитува...