Мекалистер за интересот од Реал: Многу го почитувам Ливерпул за да коментирам други тимови

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер , призна дека е свесен за гласините кои го поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид.

Аргентинскиот интернационалец, сепак, е вели дека воопшто не им обраќа внимание, бидејќи е фокусиран на настапите за Ливерпул, додавајќи дека е среќен на Енфилд.

„Ги читам овие гласини и вестите стигнуваат до мене. За мене е важно она кое се случува сега. Колку и да ме сака некој клуб, ако играм лошо викендов, ќе го изгубат интересот за мене. Се чувствувам добро во Ливерпул и немам потреба за трансфер. Затоа, многу го почитувам клубот и мислам дека не е неопходно да се зборува за други тимови. Песната пред почетокот на секој натпревар е неверојатно моќна и една од најубавите. Нашите натпревари не започнуваат додека песната не заврши“, изјави Мекалистер.

Се вчитува...