Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Џејмс Мекати би можел да се пресели во германската Бундеслига.
„ЕСПН“ објави дека Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и Лајпциг пројавиле интерес за овој фудбалер. Исто така и Штутгарт и Ајнтрахт Франкфурт го следат развојот на ситуацијата околу младиот Англичанец.
Пеп Гвардиола веќе ја одреди цената за овој фудбалер, а тоа е 25 милиони фунти. Исто така Манчестер Сити сакаат и опција за враќање за одредена сума, како и процент од следен трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

