Мекејлеб: Обрадовиќ е најдобар тренер во Европа, но мене омилен ми беше Дуле Вујошевиќ

Најдобриот натурализиран кошаркар во историјата на Македонија, Лестер Бо Мекејлеб даде интервју за „Баскетбол сфер“ во кое говореше за својот престој во Србија, но и соработката со тренери како Жељко Обрадовиќ и Душко Вујошевиќ.

Бо Мекејлеб имаше привилегија да игра под водство на Жељко Обрадовиќ во Фенербахче и зборуваше со искрена почит и восхит и за искуството и за легендарниот српски тренер.

„Имам многу високо мислење за Жељко. Тој е најдобриот тренер во Европа. Како да не го почитувате? Иако сите го познаваат како одличен тренер, тој е исто така и навистина одлична личност и човечко суштество. Кога бев помлад, имаше многу работи што не ги разбирав и навистина посакувам да го слушав повеќе. Тоа е едно од моите единствени жалби: не ги послушав доволно неговите совети, бидејќи тој работеше со толку многу играчи пред мене и направи толку многу. Го сакам Обрадовиќ. Тој е одличен тренер и одлична личност, и едноставно добра личност за дружење. Тој го сака најдоброто од тебе, а кој не би сакал тренер кој те поттикнува да бидеш најдобар? Секој сака таков тренер“, рече Мекејлеб.

Тој говореше и за сорабтоката со Душко Вујошевиќ во Партизан со кого стигнаа до Ф4 турнирот во Евролигата.

„Вујошевиќ беше мојот омилен тренер во Европа. Душко беше тренерот кој навистина ме разбираше. Не бев совршен, но тој ме разбираше. Ми дозволи да бидам свој, ми дозволи да бидам слободен и тоа функционираше. Секогаш му оддавам признание за тоа – Душко Вујошевиќ е причината зошто Европа ме познава. Тој ми даде можност и како тренер ми дозволи да покажам кој сум и што можам да направам. Откако го напуштив, со текот на годините, другите тренери почнаа да ми ги одземаат работите што ме правеа тоа што сум. Тоа е дел од причината зошто, со текот на времето, на крајот се откажав, бидејќи повеќе не можев да го правам тоа. Но, Душко останува мојот омилен. Го сакам Вујошевиќ. Тој е еден од ретките тренери кои ми дозволија да бидам свој, и тоа се исплатеше – победивме многу, стигнавме до Фајналфорот на Евролигата и постигнавме големи работи“, заврши Мекејлеб. 

Се вчитува...