Мекејлеб по семејна трагедија си замина од Сарагоса

Лестер Бо Мекејлеб денеска го раскина договорот со Сарагоса, ставајќи крај на неколкумесечната авантура во овој шпански прволигаш. За жал, причината не е спортска туку семејна, откако мајката на македонскиот репрезентативец починала во текот на минатата седмица, по што тој веднаш заминал за САД.

„Лестер Бо Мекејлеб замина во САД поради смртта на својата мајка. Тој нема да продолжи како член на Сарагоса поради семејни причини, предизвикани од овој трагичен настан“ – јавуваат шпанските медиуми.

Поранешниот македонски репрезентативец потпиша за Сарагоса минатиот декември и настапи на девет средби за овој клуб, притоа реализирајќи по 11,9 поени и 3,7 асистенции по натпревар.

Се вчитува...